Ops! You don't have any menu or widget in Off-canvas. Please add some menu in Off-canvas menu position or add some widget in Off-canvas widget position for view them here.

БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

БОРБАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ (10. IX 1944) – судир на борците од Четвртиот баталјон на Ⅷ велешка бригада со германските војници. Борбите се воделе за зачувување на позициите на слободната територија во месноста Раштански Колиби (кај Раштанска Чешма), недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела околу еден час, се користеле сите расположливи воени орудија. Загинале 15 млади борци. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велес и Велешко во НОВ 1943–45, Скопје, 1977. Ѓ. Малк.


Leave a Reply

Your email address will not be published.