БОРБАТА КАЈ МЕСНОСТА РЕЧАНИ

БОРБАТА КАЈ МЕСНОСТА РЕЧАНИ (6. Ⅰ 1943) – помеѓу дел од борците на Првата чета на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и бугарските војници и полицајци. Предадени и опколени во колибата во која се криеле, не сакајќи живи да бидат фатени, во жестокиот судир што траел неколку часа, загинале првоборците Нонча Камишова, Стојан Бурчевски-Буридан, Киро Неделковски, Киро ќучук и Јордан Јорданов. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.