БОРБАТА КАЈ МАРГАРА

БОРБАТА КАЈ МАРГАРА . (кај с. Чаниште, Мариовско, 1903) – на здружените чети (околу 140 востаници) под водство на Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов и Јован Ивановиќ (Црногорец) со османлиската војска (5.500 души – една пешадиска бригада). Битката започала утрото на 2. Ⅹ 1903. Востаниците зазеле стратешка позиција на врвот Маргара и на блиските височинки и ги одбивале сите напади. Ноќта востаниците се извлекле од обрачот преку Црна Река во правец на Старомариовскиот реон. Османлиската војска имала загуби меѓу 200–400 војници (убиени и ранети), а кај востаниците имало 4 убиени и 8 ранети. Тоа била една од најголемите битки во Илинденското востание во Прилепско. ЛИТ.: Манол Пандевски, Македонското ослободително дело во ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ век, Ⅱ, Скопје, 1987. В. Ѓ.

Напишете коментар