//БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ

БОРБАТА КАЈ ЛОКВАТА И ВИЊАРИ . (висови кај с. Д’мбени, Костурско, 31. Ⅴ /13. Ⅵ 1903) – помеѓу костурските чети на ТМОРО и османлиската војска. Ноќта 8/21. спроти 9/22. Ⅴ 1903 г. османлиската војска го нападнала с. Смрдеш при што изгореле 240 куќи (од 300), 85 души биле убиени, а 50 ранети. Војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов со 70–80 комити на 31. Ⅴ / 13. Ⅵ 1903 г. извршиле напад на осмалиските сили. Најжестоки борби се воделе на врвовите Локвата и Вињари. Ноќта војниците се повлекле оставајќи зад себе 14 мртви. Неколку востаници, за да не паднат жи-ви во османлиски раце, се самоубиле. Османлиската војска имала стотина мртви. ЛИТ.: Хр. Силянов, Освободителните борби на Македония, 1, София, 1933. В. Ѓ.

2019-01-05T19:41:15+01:00 0 коментари