БОРБАТА ВО с БАНИЦА

БОРБАТА ВО с БАНИЦА . (4–5. Ⅴ 1903) – борба во која загинал Гоце Делчев. Османлиските власти добиле точни информации за бројот на четниците, нивниот распоред и сместувањето по куќите. Ноќта селото било блокирано. Османлиските сили располагале со шест одреди од 300 војници, жандармериски и башибозучки формации. Македонските чети имале 21 четник, на кои им се приклучиле уште 40 селани. Утрото започнала борбата. Гоце Делчев прв стрелал кон аскерот и веднаш залегнал. При вториот обид да се подигне, бил погоден и загинал, додека другите стрелале. Борбата траела 30 часа. Започнала на 4 мај во 10.00 часот, а завршила следниот ден во 16 часот. Покрај Г. Делчев, загинале уште 11 четници. Селото било запалено, а 166 селани биле затворени. Османлиите имале пет загинати и осум ранети. ЛИТ.: Турски документи за убиството на Гоце Делчев, Скопје, 1992; Михаил Чаков, Сражението при Баница и смртта на Гоце Делчев, Спомени, София, 1982, 540. В. Ст.