БОНФОА, Ив

БОНФОА, Ив (Тур, 24. Ⅵ 1923) – француски поет и есеист, преведувач. Студирал филозофија, историја и историја на уметноста. Неговата поезија е херметичка и тешка. Покрај тоа што е поет, значаен е и како критичар, автор Ив Бонфоа на есеи и студии од областа на книжевноста, сликарството и музиката. Голем познавач е и преведувач на шекспир. Како поет дебитирал во 1953 со поетската книга За движењето и мирувањето на Дува. Во 1999 г. го добил Златниот венец на СВП. БИБ.: Анти-Платон, 1947; Испишан камен, 1959; Сенка што дише, 1963; Во стапицата на прагот, 1975; Почеток и крај на снегот, 1991; Подалеку, побрзо, 1996 и други. ЛИТ.: П. Гилевски: Поезијата меѓу два света, „Утрински весник”, 24.07.1999. П. Гил.

2019-01-05T19:41:15+01:00 0 коментари