БОМБОЛЕАРНИЦИ

БОМБОЛЕАРНИЦИ – работилници за изработување бомби и други експлозивни средства. Раководителите на МРО Гоце Делчев и Ѓорче Петров, со помош на еден Чех, во летото на 1896 г. во Софија ја отвориле првата самостојна бомболеарница. Во Одеса пролетта 1897 г. Гоце Делчев ангажирал двајца мајстори–леари на бомби и пиротехничари, со кои била формирана работилница, наречена „фабрика” за леење бомби во пограничното с. Саблер, ќустендилско. „Саблерската фабрика” работела речиси година и половина, при што биле изработени ок. 1.000 бомби од различен вид и до 35 килограми. Бомбите испратени во Одеса за руските револуционери биле наречени „Македонки”. Имало обиди да се направат и бомби со задушлив гас (гасна бомба). Бомболеарницата би-ла откриена и набрзо затворена, но нови тајни бомболеарници биле оформени ширум Македонија – во с. Дедино (Радовишко), Саракиново (Воденско), една подземна работилница во Битола, во Прилеп, во с. Смрдеш и во Д’мбени (Костурско). Нешто подоцна бомбите биле лиени со железо, а полнети со динамит набавуван во Грција. Организацијата располагала и со брошури за изработка и за употреба на бомбите. ЛИТ.: Л• бомир Панайотов, Илинденското-преображенско въстание от 1903 г., София, 1993. В. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.