БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР

„Болоњски псалтир”, македонски ракопис (ⅩⅠⅠⅠ в.)

БОЛОЊСКИ ПСАЛТИР – кирилички ракопис на псалтир со ко„Болоњски псалтир”, македонски ракопис (ⅩⅠⅠⅠ в.) ментар на Хесихиј Ерусалимски од 1240–1241 г., 264 л., Унив. библ. во Болоња, сигн. 2400 (Еџ Биб. С. Салв. 583). Во науката е познат од ⅩⅤⅠⅠ в. Препишан е од постара глаголичка предлошка (одделни глаг. букви, зборови и редови во текстот) во охридското село Рамне од писците Јосиф, Тихота и Белослав. Калиграфски и убаво уметнички оформен ракопис со бројни иницијали во народен тератолошки стил. Текстот спаѓа во архаичната редакција на псалтирот карактеристична за македонската писменост. По јазичните особености класичен претставник на Охридската школа, со нормирана замена на носовките од охридскиот тип (го вклучува и =3> =4), употребува едноеров правопис со големиот ер, содржи важни потврди за развојот на македонскиот јазик во ⅩⅠⅠⅠ в. Проучуван од многу истакнати слависти. Детална студија за јазичните особености согледани во контекст на развојот на македонската писменост во Ⅻ и ⅩⅠⅠⅠ в. објавува В. Н. Чепкин. ЛИТ.: (избор) В. Н. Çепкин, Болонская псалтìрÝ, С-Петербург, 1906; В. Јагиц, Псалтериум Бонониенсе, Виндобонае – Беролини – Петрополи, 1907 (изд. на псалми и коментар со критички апарат); И. Дуйчев, Болонски псалтир, български книжовен паметник от ⅩⅠⅠⅠ век, София, 1968 (фототип. изд.). Зд. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.