БОЛНО

БОЛНО – село во Ресенско. Се наоѓа на источните падини на планината Петрина, од двете страни на Болнска Река, на надморска височина од околу 900 м. Со Ре-сен е поврзано со локален асфалтен пат. Населено е со Македонци, а нивниот број е во постојано опаѓање. Во 1961 г. во Болно живееле 600 ж., а во 2002 г. тој број се намалува на 237 ж. Во историјата е познато по значајните настани од НОВ. Во селото постои Спомен-куќа на народниот херој Мите Богоевски, а во околината Спомен шума посветена на народните херои Мите Богоевски и Стив Наумов, загинати овде во 1942 г. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.