БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

БОЛНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА. Болничката здравствена заштита во Македонија до втората половина на ⅩⅠⅩ век била слабо развиена. Во Битола веројатно најрано била изградена турска воена болница. Во градот имало најмалку три воени болници. Првата, наречена „Царска воена болница”, се претпоставува дека постоела од ⅩⅤⅠ век, а до 1844 г. била во близината на Градскиот стадион. Втората, наречена „Голема воена болница” била изградена во 1849 г. Третата, која била најголема, почнала да се гради во 1885 г., а доградбата завршила во 1893 г. Таа располагала со Хируршко и со Интерно одделение, а од 1908 г. имала и „Одделение за рентгенски зраци”, кое било меѓу првите на Балканот. Оваа воена болница работела до 1950 г. Скопската воена болница била изградена во 1844 г. На 23. Ⅹ 1884 г. била изградена втора модерна воена болница со 150 легла, која подоцна била проширена. Во Велес постоела воена болница од 1860 г., а во 1907 била изградена нова. Штипската воена болница функционирала од 1886 г., а Дебарската болница постоела од 1847 г. Воена болница имало и во Струмица. Покрај воените болници, во неколку македонски градови постоеле и цивилни болници. Најстара била болницата „Благовештение” во Битола, која функционирала од втората половина на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. При крајот на ⅩⅠⅩ в. во градот функционираГрадската болница во Скопје ле и болницата за сиромашни „Гураба хаста хане”, болницата за душевни болни „Тимар хаста хане”, болницата за кожно-венерични болни „Франги хаста хане”, „Карантинската болница” (од 1838), „Влашката болница” (од 1904) и „Општинската болница” (од 1913). Меѓу двете светски војни во градовите во Вардарската бановина функционирале следниве болници: Бановинска болница – Битола (јавна установа од 1917), за сите болести, со 120 кревети, во која д-р Сотир Атанацковиќ бил в.д. управник и педијатар, д-р Драгош Поповиќ интернист, а д-р Светолик Милишиќ хирург. Во Битола работела и приватната хируршка болница (со 10 кревети) „Санаториум” на д-р Н. Скантели директор, д-р Светолик Милишиќ хирург. Бановинска болница – Велес (јавна од 1919), за сите болес-ти (71 болнички постели). Д-р Ан-тун Сасо бил в. д. управник, а д-р Лепосава Витановиќ сек. лек. Бановинска болница – Гевгелија (јавна од 1920) за сите болести (со 40 постели), д-р Танасие Петровиќ окол. лекар. Бановинска болница – Охрид (јавна од 1920) за сите болести (60 постели), д-р Јово Кашиковиќ хирург и в.д. управник. Бановинска амбуланта – Кавадарци (јавна) за сите болести (10 постели), д-р Драгутин Ѓорѓевиќ управник и окол. лекар. Бановинска болница – Прилеп (јавна од 1919) за сите болести (36 постели), д-р Цветко Ѓорѓевиќ в.д. управник. Бановинска болница – Тетово (јавна од 1919) за сите болес-ти (25 постели), д-р Јован Петровиќ в.д. управник. Бановинска болница – Штип (јавна од 1919) за сите болести (40 постели), д-р Виктор Сосиќ в.д. управник, д-р Асим Куленовиќ хирург сек. лекар. Државна болница – Скопје (јавна од 1918) за сите болести (238 постели), д-р Радован Милутиновиќ шеф на внатр. одд. и в.д. управник, д-р Андра Стојановиќ гинеколог, д-р Валентин Зарубин шеф на венер. одд., д-р Никола Ѓукниќ хирург, д-р Илија Бојаниќ просектор, д-р Божидар Секулиќ в.д. шеф на ОРЛ, д-р Клементие Крстиќ педијатар, д-р Драгољуб Катаниќ лек. припр. хирург, д-р Здравко Јефтановиќ рентгенолог, д-р Будимка Кн. Милојковиќ сек. лек. припр., д-р Душан Анастасијевиќ асист. на венер. оддел. Санаториум „Вардар” (приватна болница) во Скопје, сопственост на Пулизовиќ и Костиќ, наменет за хируршки, внатрешни и очни болести (со 40 кревети), д-р Јозо Пулизовиќ, директор и хирург, д-р Владимир Костиќ, директор и окулист, д-р Оскар Гељситијус, директор и интернист. Санаториум „Балка픇Скопје, сопственик А. Ставридис, за хируршки и внатрешни болести (со 20 постели), д-р Александар Ставридис директор, д-р Милета Бранковиќ, хирург, д-р Леон Мелколијан, интернист. Санаториум „Чохаџиќ” (приватна болница) во Скопје, сопственост на д-р Коста Чохаџиќ, за породување и женски болести (со 11 постели). Директор д-р Коста Чохаџиќ гинеколог. Бројот на болниците и болничките постели не ги задоволувал потребите на населението ниту во нормални услови, а уште помалку во повоените услови, кога царувале бројни епидемии и заразни болести. Специјални болници за ТБЦ. Туберкулозата била постојано присутна во Македонија. Непосредно по Втората светска војна (1945) имало 30.000 заболени, а годишно умирале по 4.000 болни. Во новата држава имало само еден лекар специјалист, еден Антитуберкулозен диспанзер во Скопје (од 1927), помошен диспанзер во Битола (од 1942), болнички оддел во Скопје (од 1929) со 24 постели, сместен во бараки, и сезонско лекувалиште во с. Љубанци (со 35 постели), отворено во 1934 г. Во наредните години бројот на специјалистите и на болничките постели се зголемувал. Во 1946 г. би-ла формирана Специјална болница за ТБЦ во конаците на манастирот „Св. Атанасиј” во с. Лешок, Тетовско (управник д-р Климентие Милошевиќ). Во 1945 г. било отворено Градно одд. во Битолската болница, а при крајот на 1950 е формирана Специјална болница за белодробна туберкулоза (управник д-р Ѓорѓи Поп Андов). Во 1947 во Штип е отворено Градно одд. (управник д-р Раде Врчаковски), кое во 1951 г. прераснува во Специјална болница за ТБЦ (управник д-р Стојка ќосева-Манчева). Тогаш е отворена Специјалната болница за детска туберкулоза во Скопје (управник д-р Климентие Милошевиќ), а во 1955 Специјалната болница во Јасеново (управник д-р Ристо Нановиќ) со 1.865 болнички постели. По основањето на Мед. ф. (1947) стационарот во Скопје станал Клиника за градни болести (на чело со проф. д-р Глигор Муратовски), а во 1956 г. прераснала во Институт за туберкулоза. Во 70тите години на ⅩⅩ век започнал процесот на трансформацијата на фтизиолошката во пневмофтизиолошка дејност која покрај белодробната туберкулоза опфаќа и други белодробни заболувања. ЛИТ.: Петар Бојаџиевски, Здравството во Битола низ вековите, Битола, 1992, 211-249; Медицински годишњак Краљевине Југославије, Београд, 1933, 247–248; 30 години на МЛД, Скопје, 1977, 98. П. Б.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.