БОЖИНОВ, Панајот

БОЖИНОВ, Панајот (с. Апоскеп, Костурско, ? – Костур, 1913) – учител и поет. Ја завршил прогимназијата во Костур и егзархиската духовна семинарија во Цари-град. Учествувал во Илинденското востание и во борбите кај Вишени, на Летничкиот врв, кај Клисура и др. Некои од тие настани ги опеал и во своите песни („Смртта на Лазар Поптрајков“, „Летничкиот врв“). По Востанието работел како учител, но дошол во судир со големобугарски ориентираниот директор на прогимназијата во Костур по македонското национално прашање и емигрирал во Америка. Подоцна пак се вратил во Македонија (1910), но поради неговите македонски национални определби, бил подмолно убиен од грчките власти. С. Мл. Валентина Божиновска БОЖИНОВСКА, Валентина