БОЖИНОВСКИ, Панде

БОЖИНОВСКИ, Панде (с. Кривени, Ресенско, ? – Нивици, Преспанско, 1976) – печалбар, комунист, македонски револуционер. Бил на печалба во Аргентина (Буенос Аирес), работел во градежништвото и бил активен учесник во штрајковите, демонстрациите и митинзите организирани од Аргентинската комунистичка партија. Бил и повереник на в. „Интернасионал“. Со неколку печалбари формирал македонско друштво и издавал македонски весник во кој го афирмирал македонскиот народ и неговата ослободителна борба. Во 1937 г. преку Канада заминал во шпанија, каде што како доброволец се борел во интернационалната бригада „Линколн“. По завршувањето на Војната се вратил во Македонија и работел во градежништвото. ЛИТ.: Перо Коробар, Божо Стефановски, Во Интернационалните бригади во шпанија, Скопје, 1989, 108-110. О. Ив. Петар Божиновски

2019-01-05T19:41:13+01:00 0 коментари