БОЖИКОВ, Георги

БОЖИКОВ, Георги (Петрич, Бугарија, 15. Ⅳ 1931 – Скопје, 21.XI 1986) – оперски певец-бас, првенец на Операта на МНТ. Дипломирал соло-пеење на Софиската музичка академија (1962, Х. Брмбаров). Бил член на Софиската државна опера (1962–1963), дебитирајќи со улогата на Дон Базилио во операта Севилскиот бербер, а во Операта на МНТ од 1964 г. сè до својата смрт. Во меѓувреме (1964–1965) бил и член на Загрепската опера. Ја заземал должноста директор на Операта и Балетот Георги Божиков на МНТ (1977–1983). Певец со моќен и сонорен глас, со голем дијапазон, распеана фраза, со изразити актерски способности и со голема музичка и театарска култура. Реализирал повеќе од 40 улоги. Позначајни остварувања: Филип (Дон Карлос), Мефистофел (Фауст), Галицки и Кончак (Кнез Игор), Дулкамара (Љубовен напиток), Дон Алфонзо (Така прават сите), Борис (Борис Годунов). Особено впечатливи се неговите креации во домашните опери: К. Македонски Цар Самуил (насловна улога) и Илинден – Гоце, Велко (Т. Прошев – Пајажина), Јордан (Т. Прокопиев – Разделба) и Р. Аврамовски – Болен Дојчин (насловна улога). Настапувал и на концертниот подиум, изведувајќи соло-песни од руски ав-тори и од домашни композитори. Гостувал во повеќе европски земји и во музичките центри на поранешна Југославија. Ф. М. Горан Божинов