БОЖЕСТВАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

БОЖЕСТВАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ – се одликуваат со свои специфични теоними и атрибути. Врховното божество забележано во книжевните списи и во епиграфските натписи го носи теонимот Хетаиреиос (поврзано со македонската институција хетајри) или Хѕперберетас (месецот Хѕперберетаиос и празникот Хиперберетаиа). Женското божество Алкидемнос е еквивалент на хеленската божица Атена. Слично божество е Гѕгаиа; Зеирене е „македонската Афродита”. Божество со култ кај Струма е Бендида, ја претставува „Големата Мајка”. Едно од најпочитуваните божества во Македонија е Артемида (Благанитис, Газоретис). Теонимите Агротера, Дигаиа, Кѕнагогос се типични за македонската митологија. Во Македонија е најстар култот на божеството Бакхос (Дионис), поврзан со следбеничките што го слават бакхте и со мајнадите (во Македонија се нарекуваат клодонки и мималонки). Во Пиерија се почитувале култовите на деветте Музи и на митскиот пејач Орфеј. Култот на Сонцето и симболот сончева розета (најчест култен и владетелски симбол во Македонија) ја одразувале бесмртноста. Македонските свештеници се мо-лат на божеството Бедѕ – „Воздух” (на фригиски ј. вода), се принесуваат обредни жртви во чест на водата –Бедѕ и реката спасителка. Македонскиот бог на војната е Џандос. Древната религија во Македонија е израз на духовната култура и идентитет на античките Македонци кои, во синкретизам со културите на другите народи, ја претставуваат античката цивилизација, поточно духовноста на стариот Свет. ЛИТ.: Херодотус, И–ИВ, Харвард Университѕ Пресс, 1960; Плутарцх, Алеџандер, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Хес., с. в.; К. Љ. Руфус, Де Ребус Гестис Алеџандри Мацедонис, Парисиис, 1822; Р. Барт, Кнјижевност, митологија, семиологија, Београд, 1979; Д. Срејовић, А. Цермановић, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1979; Д. Попов, Бендида, Софи®, 1981. А. шук. Наслов на „Неделното евангелие” на Павел Божигропски (Солун, 1852) БОЖИГРОПСКИ, Хаџи Павел

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.