БОДЛЕВ, Георги

БОДЛЕВ, Георги (Охрид, 1813 – 1882) – шивач, учител и културен деец. Бил учител во Охрид (ок. 1855–1856). Имал особен интерес кон историското, посебно кон културното минато на Македонија и на македонскиот народ. Располагал со голема библиотека со книги и ракописи со историско значење. Бил соработник на професорот на Казанскиот универзитет Виктор И. Глигорович при неговиот престој во Охрид (1845). Во неговата библиотека биле пронајдени пергаменти од „Житието на Св. Климент”. Автор е на преписот на дел од познатиот „Кодекс на Охридската митрополија”. ИЗВ.: НБКМ-БИА, ф. 577, а.е. 1, л. 14. ЛИТ.: О=ерк путошествњџ по Европејској Турцњи (сљ картоЃ окрестностеј Охридскаго и Преспанскаго озерљ) Виктора Григорови=а, Изданње второе, Москва, 1877. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.