//БОГОСЛОВИЈА Св Јован Богослов

БОГОСЛОВИЈА Св Јован Богослов

БОГОСЛОВИЈА – Св Јован Богослов (. (Битола, 1922 – 1941) – основана од српското Министерство за вера, како државно училиште. Започнала со работа на 1. Ⅰ 1922 г., како петтокласно интернатско богословско училиште. Од учебната 1928/29 г. била подигната во ранг на више училиште. Во Богословија со богословско образование се здобиле тројца од поглаварите на Македонската православна црква – архиепископите Доситеј, Ангелариј и Михаил. Богословијата имала богата библиотека. Престанала да работи во 1941 г. ЛИТ.: Славко Димевски, Историја на Македонската православна црква, Скопје, 1989. Рат. Гр.

2019-01-05T19:41:12+00:00 0 коментари