БОГОСЛОВЕЦ

БОГОСЛОВЕЦ – ниска планина што се наоѓа 10 км западно од Штип. Највисок врв е Св. Јовански Рид (755 м), а малку понизок е Тиски Врв (747 м). Богословец е познат по експлоатацијата на азбест, која е вршена до половината на ⅩⅩ век. Богословец е гол, без шумска вегетација, со исклучок на осамените дрвенести стебла. Развиена е интензивна ерозија. Т. Анд.

2019-01-05T19:41:12+01:00 0 коментари