БОГОМИЛ, поп

БОГОМИЛ, поп (Ⅹ век) – основоположник на дуалистичкото (еретичко) духовно движење и учење наречено според неговото име богомилство, а приврзениците се нарекле богомили. Своевремено поразена духовна и филозофска идеологија и социјално движење, при што сите извори за него и неговите книжевни дела биле уништени. За неговиот живот и дејност посредно се дознава од зачуваните антибогомилски книжевни споменици: „Беседата против богомилите“ на Козма Презвитер, „Бориловиот синодик“, „Индексите“ на забранетите антиканонски книги и др. Како негови следбеници и протагонисти на богомилството се евидентираат: поп Еремија, Тодор, Добри, Стефан, Василиј, Петар, Сидор Фрајазин и др. ЛИТ.: М. Ангеловска-Панова, Богомилството во духовната култура на Македонија, Скопје, 2004; И. Клинчаров, Поп Богомил и неговото време, Софи/, 1927 (2 изд. Софи/ 1947). И. Вел. Панорама на с. Богомила со планината

Напишете коментар