БОГОМИЛИ

БОГОМИЛИ – приврзаници на богомилското движење, следбеници на поп Богомил. Учеле дека постојат два бога, од кои Господ е творец на духовниот, а Ѓаволот на материјалниот свет. Христијанската црква ја сметале за дело на Ѓаволот и ги отфрлале црковните култови и обреди. Ја признавале само молитвата „Оче наш“. Не ги прифаќале свештениците како посредници помеѓу Бога и верниците, проповедале непослушност кон царот и кон благородниците. Учеле дека во животот треба да се биде скромен и умерен. Имало три категории богомили: совршени, верници и слушатели. Биле обединети во општини, на чие чело стоел „дедо“ („дедец“). Во изворите се познати и како: бабуни, крстјани, патарени, катари, валдензи и др. Од христијанската црква биле прогласени за еретици и биле прогонувани. ЛИТ.: Д. Оболенскѕ, Тхе Богомилс. А Студѕ ин Балкан Нео-Маницхаеисм, Цамбридге, 1948; Д. Драгојловић, Богомилство на Балкану и у Малој Азији, И: Богомилски родоначалници, Београд, 1974, Ⅱ: Богомилство на православном истоку, Београд, 1982; Б. Примов, Бугарите. Книга за поп Богомил и неговите последователи, София, 1970. К. Аџ.