БОГОЕВИЌ, Гавро С

БОГОЕВИЌ, Гавро С. (Тетово, 1884 – Скопје, 1948) – фармацевт. Дипломирал во Виена (1906), ја нострифицирал дипломата на цариградскиот Мед. ф., отворил своја аптека во Скопје (1907-1908), со лабораторија за производство на фармацевтски препарати. Претседател на Дисциплински суд во Секцијата на Аптекарската комора на Кралството Југославија. Л. П.-Т. Владимир Богоев БОГОЕВСКИ, Владимир (Скопје, 1. Ⅻ 1953) – професор по физичка култура, одбојкар. Завршил Факултет за физичка култура во Скопје (1999). Бил капитен на Одбојкарскиот клуб „Вардар” од Скопје, кој го освоил првенството на Југославија (1976) и четвртото место во Европа (1977). Бил долгогодишен член и капитен на Југословенската репрезентација, за која одиграл 257 натпревари. На балканските првенства освоил 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени медали, на Европското првенство во Белград (1975) и Париз (1979), бронзени, на Медитеранските игри во Алжир (1975), во Сплит (1979), и на Универзитетските спортски игри во Загреб (1978) златни медали. Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1975 и 1979). Се афирмирал и како тренер во земјата и во странство. Ј. М. БОГОЕВСКИ-ГАЈДА, Стојан

2019-01-05T19:41:12+00:00 0 коментари