/БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино

БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино

БОГДАНОВ-ЛАРГО, Мино (Велес, 1913 – 1989) – комунистички деец, воен раководител во НОАВМ. Бил член на КПЈ (1932), МК на КПЈ во Велес и МК на КПЈ во Скопје. Пред Втората светска војна двапати бил апсен и осудуван според Законот за заштита на државата, а подоцна интерниран во логорот во Билеќа. Во времето на НОАВМ бил еден од организаторите на НОД во Велешко, политички комесар на Кичевско-мавровскиот НОПО, политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943), интендант на Гш на НОВ и ПОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ. По Ослободувањето бил републички пратеник во Народното собрание. По Резолуцијата на Информбирото бил уапсен и спроведен на Голи Оток. БИБ.: Материјалната база на борбата за слобода, „13 Ноември”, В, 5, 1966, Скопје, 1966, 13. ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945. Документи, Кичево, 1985. ЛИТ.: Митре Инадески, Графички завод „Гоце Делчев”, Скопје, 1979; Д-р Блаже Ристовски, Кочо Рацин, Прилози за развитокот на македонската културно-национална мисла, Скопје, 1983; Димче Најчески, Голооточки сведоштва. Личности и судбини, книга втора, Скопје, 2002; истиот, Последици, книга трета, Скопје, 2006. С. Мл.

2019-01-05T19:41:11+01:00 0 коментари