БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ

БЛЕДСКИ ПРОТОКОЛ (1947) – протокол меѓу делегациите на владите на ФНР Југославија и НР Бугарија. По преговорите (30. Ⅶ – 1. Ⅷ), на 1 август потпишале Протокол за политичка, економска и културна соработка: 1. двете влади да потпишат договор за пријателство, соработка и меѓусебна помош; 2. максимална економска соработка, усогласување на плановите за економски развој и подготовки за создавање царинска унија; 3. со посебен договор да се воспостави нов режим за двосопственичките имоти на југословенско-бугарската граница, да се поедностават пасошките формалности, да се укинат влезните и излезните визи; 4. да се прошират железничките и патните врски; 5. координирање за однос спрема граничните провокации предизвикувани од Грција и за сите други важни меѓународни проблеми кои ги засегале интересите на двете Страни; 6. развивање максимално можна културна соработка; 7. Владата на ФНРЈ да објави специјална декларација за брат-ски гест дека се откажува од репарациите што $ се определени со Мировниот договор со Бугарија во износ од 25 милиони долари. Составен дел на Протоколот се и 4-те прилози: усогласен текст на Договорот за пријателство, соработка и меѓусебна помош; Спогодба за економска соработка; Спогодба за царински олеснувања и за подготовки за царинска унија и Спогодба за двосопственичките имоти. ЛИТ.: Документи о сполјној политици СФРЈ, Ⅱ, 1947; Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин. Атанас Близнаков

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.