БЛГАРИН

„БЛГАРИН“ (Солун, 5. XI – 1. Ⅻ 1912) – дневен весник за политички и општествени прашања. Редакцијата ја сочинувале: Г. Баждаров, Г. Кулишев, А. Разбојников, Стојан Симеонов и Павел шатев (главен уредник). Подоцна П. шатев бил заменет од Д. Крапчев. Бил печатен во печатницата на Коне Самарџиев. Се појавил во турбулентното време на Првата балканска војна, веднаш по влегувањето на бугарските сили во Солун и се застапувал за присоединување на Македонија кон Бугарија. Објавени се вкупно 22 броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 247; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 38. С. Мл.

Напишете коментар