/БЛАЖЕВСКА, Зорица

БЛАЖЕВСКА, Зорица

БЛАЖЕВСКА, Зорица (Скопје, 6. Х 1948) – архитект. Дипломирала на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје (1973). Вработена е на Архитектонскиот факултет во Скопје како асистент и по изборот во други наставнички звања е избрана за редовен професор (2003) по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Докторирала на Архитектонскиот факултет во Скопје (1991). Освен со педагошка дејност, се занимава и со научноистражувачка работа, со архитектонско проектирање и со публицистика. Нејзината проектанска активност резултира со реализација на повеќе индивидуални семејни куќи, а забележително е и учеството на анонимни архитектонски конкурси. БИБ.: Социо-психолошки видувања на станбените средини во Скопје, Зборник на Архитектонскиот факултет, Скопје 1983; За квалитетот на домување во Скопје, Култура на просторот, „САМ 2”, Скопје 1984; Објектот за домување во третата животна доба, Јубилеен зборник „50 години Архитектонски факултет”, Скопје 1999; Развој на архитектонската типологија на ниската станбена структура. Меѓународна конференција „Ста-нот – потреба, можности и перспективи”; Зборник на трудови, Охрид, 1998. Кр. Т. Катерина Блажевска

2019-01-05T19:38:56+01:00 0 коментари