БЛАЕР, Ѓорѓи

БЛАЕР, Ѓорѓи (Стара Пазова, Србија 28. Х 1908 – Скопје, 19. Ⅲ 1970) – Евреин, дентист, комунист, учесник во НОБ. Се доселил во Скопје (1932) и бил еден од водачите синдикалисти, подоцна поставен и за секретар на КПЈ за околијата Неродим (1939). Уапсен во Призрен (1940). Се вратил во Скопје (1941), каде што организирал здравствена служба за лекување на ранетите илегалци. Бил откриен и затворен во Идризово (1942). Го организирал бегството од затворот на 350 политички затвореници (1944). Четири дена по бегството ја организирал болницата на 42. бригада, којашто била и болница на Врховниот штаб. Учествувал во ослободувањето на Скопје. Потоа бил претседател на Еврејската општина во Скопје. Носител на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.

Напишете коментар