БЛАЕР, Златко

БЛАЕР, Златко (Скопје, 1946) – новинар. Апсолвирал на Машинскиот факултет во Скопје. Од 1971 г. во „Нова Македонија” приправник во Градската рубрика, соработник во Надворешнополитичката, уредник на Дневната редакција, помошник на главниот уредник. Дописник од Атина (1983/88). Во периодот 1979/81 г. уредник на „Екран”. Главен и одговорен уредник на весникот „Вечер” 1990-1991. Во јуни 1991 г. заминува во Австралија: косопственик и уредник на „Австралиско-македонски неделник” во Мелбурн. Б. П. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.