БЛАГОЕВ, Борислав

БЛАГОЕВ, Борислав (Скопје, 1912 – Скопје, 23. Ⅰ 2009) – универзитетски професор, правник. Основно образование и гимназија завршил во Скопје (1930), а Правен факултет во Белград (1936). Докторирал на Правниот факултет во Белград, на тема „Меѓународното регулирање на трудовите односи“ (1939). Избран за доцент на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје (1947), а потоа за доцент (1951) и за редовен професор на Правниот факултет во Скопје (1956). Предавал Трудово право, Статистика и Историја на правото. Основоположник на Меѓународното трудово право во Југославија и основач на предметот Трудово право на Правниот факултет во Скопје. Објавил поголем број учебници и научни трудови за трудовите односи и статистиката (на македонски, српски, словенечки и албански јазик). Познаник со Ѓорче Петров, Павел шатев и Методија Андонов-Ченто. Избран за член на Законодавната комисија при Президиумот на АСНОМ (XI 1944) и за референт за социјални прашања. На барање на Методија Андонов-Ченто, го напишал првиот стручен труд на македонски јазик од областа на федерализмот (Ⅻ 1944 г.). Бил декан на Правниот (1953-1955) и декан на Економскиот факултет (1956-1960) во Скопје. Основните идеи што ги следи во правото се положбата на работничката класа во општеството и правното регулирање на трудот. БИБ.: Борислав И. Благоев, Федерализмот во теоријата и пракса, Скопје, 1944; Трудовите односи како предмет на правото, Скопје, 1955; Статистика за самоуправљаче, Београд, 1980; Тхе Федералисм анд Евентс ин тхе Совиет Униоин анд тхе Балканс, Балкан Форум, Но 5, Скопје, 1993. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години, 1951-2001, Скопје, 2001. Св. ш. БЛАГОЕВ, Димитар Николов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.