БИТОЛЈАНУ, Кочо

БИТОЛЈАНУ, Кочо (Крушево, 8.. Ⅰ 1924) – комунистички деец, првоборец и општественик. Како член на МК на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Поради таа дејност бил осуден на доживотен затвор (1942-1944). По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен потсекретар и секретар за внатрешни работи на СРМ, потпретседател на Собранието на град Скопје и пратеник во Собранието на СРМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Така се бореа средношколците, „Млад борец“, Ⅱ, 41, Скопје, 10. Ⅹ 1945; Голем конспиратор, Тиквешијата во НОВ 1941-1945, кн. седма, Страшо Пинџур, народен херој, Кавадарци-Неготино, 1984, 295-297; Илегални акции во Скопје, Скопје во ослободителната војна и револуција 1941–1945, том И, кн. прва, Скопје, 1984, 40–61. С. Мл.

2019-01-05T19:38:54+01:00 0 коментари