Битолски натпис на царот Иван Владислав (1015-1016)

БИТОЛСКИ НАТПИС – значаен македонски епиграфски споменик од 1015–1016, откриен при рушењето на битолската Чауш-џамија (1956) и се чува во Битолскиот музеј. Натписот е издлабен врз правоаголна мермерна плоча и содржи вкупно дванаесет реда. Дел од текстот е оштетен, бидејќи плочата долго време била користена како праг при влезот на џамијата. Натписот е испишан по повод градењето на битолската тврдина од страна на царот Иван Владислав. Како епиграфски споменик претставува важен извор за проучување на македонското кирилско писмо, македонскиот јазик и македонската историја. Палеографските форми на буквените знаци покажуваат сличност со буквите во другите македонски епиграфски споменици, какви што се Самуиловиот натпис од 993 и Варошкиот натпис од 996 год., како и со палеографските особености на најстарите македонски кирилски текстови. Јазикот ги одразува особеностите на западномакедонскиот дијалектен говор и македонската писмена традиција од тој период. Важни се и историските податоци што ги дава овој епиграфски споменик во врска со Самуиловата држава и борбата на комитопулите против византиските напади. ЛИТ.: Вл. Мошин, Битољска плоча из 1017 године, „Македонски јазик”, 17, 1966, 51-61; Ј. Заимов, Битолски надпис на Иван Владислав – самодљржец бљлгарски, Софиџ, 1970; Ив. Божилов, Битолскиџт надпис на цар Иван Владислав и нџкои вљпроси на средновековната бљлгарска историџ, „Истори=ески преглед”, 27, 1, 1971, 84-100; Вл. Мошин, Уште за битолската пло=а од 1017 година, „Историја”, 7, 2, 1971, 255-257; Р. Матхиесен, Тхе Импортанце оф тхе Битолја Инскриптион фор Цѕриллиц Палеограпхѕ, „Тхе Славиц анд Еаст Еуропеан Јоурнал”, 21, 1, 1977, 1–2. Ѓ. П. Ат. Битолски натпис на царот Иван Владислав (1015-1016) Битолскиот триод, македонски ракопис (Ⅻ в.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.