БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

Борците на партизанскиот одред „Гоце Делчев” (1943)

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
(кај с. Прекопане на пл. Вичо, Костурско, 22. Ⅴ 1943 – Тиквешијата, средината на септември 1943). Бил формиран од борците на Битолскиот НОПО „Дамјан Груев” и новопристигнатите борци. Заедно со Леринскиот НОПО „Вичо” ги разоружал контрачет
ниците на леринско-костурското подрачје (23. В– 1. Ⅵ), а потоа се префрлил во Битолско (11. Ⅵ), каде што извршил напад на италијанската караула меѓу селата Герман–Брајчино, кај с. Лавци водел борба против бугарската полиција (23. Ⅵ), а кај с. Рајци, на пл. Баба и на Сливничка Планина (во Преспа) водел борба против италијанските карабинери (2–8. Ⅷ). По капитулацијата на Италија, кај с. Отешево разоружал група од 60 италијански војници, а кај с. Љубојно, заедно со Битолскиот НОПО „Дамјан Груев”, разоружале над 200 италијански војници. По наредба на Гш на НОВ и ПОМ (прва половина на септември 1943), одредот се поделил на два дела – едниот дел останал во Преспа, а главнината заминала на пл. Кајмакчалан и Кожув, вршејќи диверзии на железничката линија ЛеринВоденСолун и, по митинзите во селата во Воденско, Леринско, Мегленско и Тиквешко, влегол во состав на НО баталјон „Страшо Пинџур”. Делот што останал во Преспа влегол во составот на НО баталјон „Стив Наумов”. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987; Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.