БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР”. (над с. Лавци, Битолско, 22. Ⅳ – Ореовска Планина, кај с. Ореово, Битолско, 3Ⅴ1942). Бил формиран од 19 борци и вршел главно обука на борците. Откако бил лоциран од бугарската војска и полиција (2. В), наредниот ден бил опкружен и наполно разбиен, со 5 загинати борци, а преостанатите успеале да се илегализираат во Битола. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987, 19–23; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.