БИТКАТА НА ВИЧО

БИТКАТА НА ВИЧО (1949) – една од најжестоките битки меѓу ДАГ и Грчката кралска армија на планината Вичо во Граѓанската војна во Грција. На 10. Ⅷ 1949 г. владината добро вооружена армија (80.000) ги нападнала позициите на Ⅹ и XI дивизија на ДАГ. Силите на ДАГ брзо биле поразени и на 16 август биле принудени на повлекување кон Албанија. ЛИТ.: Л. Пановска, Крајот на една илузија. Граѓанската војна во Грција 1946–1949, Скопје, 2003; К. Рошев, Моето учество во ДАГ, Скопје, 2002. Ст. Кис.