БИТКАТА КАЈ ХАЈРОНЕЈА (2 Ⅷ 338 г. од ст.е.) – решавачка битка меѓу македонскиот крал Филип Ⅱ и сојузените војски на хеленските полиси. Битката се води со приближно иста бројност на војските (македонската околу 30.000 пешаци и 2.000 коњаници) на хајронејската рамнина (Бојотија). Триумфот на македонската војска е целосен; хеленските војски се разбиени; Филип со почести ги погребува загинатите војници кај Хајронеја (1.000 загинати Атињани), а Александар и Антипатар ги враќаат двете илјади заробени Атињани во Атина. Со оваа битка е завршена војната меѓу македонската држава и хеленските полиси, по што следи мировен договор во Коринт, со кој Филип Ⅱ е прогласен за хегемон, водач на здружените воени сили. ЛИТ.: Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; Плутарцх, Демостенес, Харвард Университѕ Пресс, 1959; Н. Хаммонд, Пхилип оф Мацедон, Балтиморе, 1994. А. шук. Колона македонски партизани на ДАГ (1948&1949)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.