БИТКАТА КАЈ с ЛИСИЈА

БИТКАТА КАЈ с ЛИСИЈА . -(Горноџумајско, 29.. Ⅰ 1944) – жестока битка водена од едниот дел од Горноџумајскиот партизански одред „Никола Калапчиев“, на че-ло со командантот Арсо Пандурски што дејствувал по десниот брег на р. Струма (по наредба на командантот на штабот на Ⅳ востаничкооперативна зона Никола Парапунов) за обединување со партизанските единици во Вардарскиот дел на Македонија. Во битката загинале командантот А. Пандурски и 7 борци, а 1 тешко ранет бил заробен и потоа убиен. ЛИТ.: Антон Великов, Арсо Пандурски, зб.: Пирински соколи, София, 1970; Безсмъртните 1922/1944, зб.: Загинали в борба против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг, София, 1971. В. Јот.

2019-01-05T19:38:53+00:00 0 коментари