БИТКАТА КАЈ СЕТИНА

БИТКАТА КАЈ СЕТИНА (есен 1017) – помеѓу македонската и византиската војска. Византијците паднале во заседа, што им ја подготвил царот Јован Владислав. За да ја спаси војската од уништување лично интервенирал царот Василиј Ⅱ. Го нападнал логорот на Јо-ван Владислав и ја поразил неговата војска. Загинале голем број македонски војници, 200 тешко вооружени биле заробени, а Јован Владислав се спасил со бегство. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969, 101; С. Пириватрић, Самуилова држава, Београд, 1997, 127–128. К.Аџ. Битката кај Сперхеј (според Скилица) БИТКАТА КАЈ СПЕРХЕЈ