//БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА

БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА

БИТКАТА КАЈ КЛОКОТНИЦА (9. Ⅲ 1230) – помеѓу Бугарите, предводени од царот Иван Ⅱ Асен, и Епирците на чело со Теодор Ⅰ Ангел. Во жестокиот судир на р. Марица епирската војска претрпела тежок пораз. Теодор Ангел паднал во заробеништво, заедно со голем број негови роднини, војсководачи и други видни епирски благородници. По победата Бугарија воспоставила превласт на Балканот. ЛИТ.: Д. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957, 110–111. К. Аџ.

2019-01-05T19:38:53+01:00 0 коментари