//БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида

БИТКАТА КАЈ ГРАНИК во Пропонтида (334 г. од ст.е.) – прва битка на Александар Ⅲ Македонски со Персијците. Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следат движењето на македонската војска. Александар не го прифаќа советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Александар е ранет. Персијците имаат илјадници загинати војници и 2.000 заробени. Заробените наемници Хелени Александар ги испраќа во Македонија на принудна работа, а 300 персиски воени опреми испраќа во Атина, како дар на божицата Атена во храмот на Акропол. ЛИТ.: Аријан, Александровата Анабаса. Прев. М. Бузалкова, Скопје, 2000; К. К. Руф, Историја на Александар Македонски. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 1998; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.

2019-01-05T19:38:53+01:00 0 коментари