БИТИ, Олга

БИТИ, Олга (Солун, 1883 – Кибуц Гат, Израел, 1970) – писателка, ционистичка активистка. Била најактивен член на Светската женска ционистичка организација ЊИЗО во Скопје (до 1941). Го организирала целокупниот културен живот на младината во рам-ките на кенот на младинската организација „Хашомер Хацаир“. По нејзини драмски текстови, напишани на ладино, се изведувале бројни претстави, на кои таа била режисер, сценограф, свирела на клавир и била суфлер и костимограф. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.