БИСТРА – висока планина што се протега во Западна Македонија. Припаѓа кон западномакедон-Планината Бистра ските планини. Се издига помеѓу Кичевската Котлина на исток, длабоката долина на Мавровска Река и Радика на запад, со која е одделена од планините Кораб и Дешат, Мавровската Котлина на север и Мала Река, Гарска и Јам-ска Река и тектонскиот превал Јама (1.100 м) на југ. Како јасно изразена морфоструктурна целина Бистра зафаќа површина од 572,8 км² со 8 врвови со над 2.000 м. Највисок врв е Меденица (2.163 м), а поистакнати се уште: Требишка Рупа (2.154 м), ќурков Дол (2.111 м), Говедарник (2.018 м) и др. Бистра има сложена геотектонска градба. Во понискиот дел се јавуваат стари палеозојски шкрилци – филитоиди, а највисокиот дел е покриен со тријаски варовници со дебелина од 400 м. Чистите тријаски варовници овозможиле интензивна карстификација и појава на скоро сите површински и подземни карстни фор-ми. Од површинските карстни форми се издвојуваат малите карстни полиња: Тони Вода, Суво Поле, Говедарник, Лазарополе и др. На одделни места, како што се Суво Поле и Султаница, се развиени вртачи, често и до 50 на 1 км², така што релјефот добива изглед на сипаничав карст. Од подземните карстни форми се издвојува пештерскиот систем Алилица, која се состои од Горна и Долна Алилица, Калина Дупка и шаркоа Дупка. На Бистра има појава на фосилен глацијален релјеф, особено циркови. Во пониските делови се среќаваат шумски комплекси, а на повисоките пространи планински пасишта погодни за сточарство.ЛИТ.: Д. Манаковиќ, Т. Андоновски, Релјеф на планината Бистра, Бистра И, „Природни и социогеографски проучувања на планината Бистра”, МАНУ, Скопје, 1983. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.