/БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев

БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев

БИСЕРОВ, Димитар Јанакиев (Окујли) (Дупница, ден. Станке Димитров, 1840 – Дупница, 1886) – учител, општественик, публицист, преведувач, поет и собирач на народни песни за Стефан Верковиќ. Се школувал во родниот град и во Рилскиот манастир кај Неофит Рилски, а потоа бил учител во Дупница (1850-1860; 1868; 1870-1879), Берово, Малешевско и Горна Џумаја (ден. Благоевград, 1863-1864). Тој е основач на читалиштата во Дупница (1858) и Горна Џумаја (1864). ЛИТ.: А. Стоилов, Документи и бележки от миналото на българите в Македония,ЗББАН, 9, София, 1918, 4; В. шарков, Град Горна Джумаџ. Минало и днес, Со-фиџ, 1929, 102–104; А. Меджидиев, Дупница и бележити дупничани през епохата на Възраждането, Дупница, 1940, 198–201. С. Мл.

2019-01-05T19:38:52+01:00 0 коментари