БИОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА

БИОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА – нема пишани докази за постоење на биолошката мисла во Македонија с” до ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век. Кон половината на ⅩⅠⅩ век се појавуваат првите ботанички и фаунистички трудови Фривалдскѕ (1835, 1834), А. Боуé (1840) и А.Грисебацх (1848). Ретките истражувачи, претежно поединци од соседните или од другите европски земји навлегуваат во достапните локалитети во Македонија. До втората декада од ⅩⅩ век истражувањата се ограничени и поединечни. Подоцна има научници по потекло од Македонија, образовани во странство, кои дале придонес во развитокот на биолошките дисциплини во соседните земји. Еден од нив е Борис Китанов, чии родители се од Македонија, како и Томо Хр. Захариев, роден во Прилеп, образован во Софија, кој има значаен придонес во развивањето на шумарството. Во Белград е Ксенофон шахов, роден во Охрид.

Вистинското втемелување на биолошките дисциплини почнува по формирањето на институтите и лабораториите, особено по формирањето на Биолошкиот институт во рамките на првата високошколска институција во Македонија, на Филозофскиот факултет (1946). Сите дејности, условно можат да се поделат на три периоди.

Првиот период, во првата половина на ⅩⅠⅩ век, е истражување на флората и фауната во Македонија, откривајќи дотогаш непознати видови растенија и животни. Ценети прилози за дотогаш непознати риби и полжави од Охридското Езеро објавилиле Стуранѕ (1894) и Стеиндацхнер (1882–1895–1897), Ж. Ѓорѓевиќ (1905) за фито и зоопланктонот на Охридското Езеро, а Спиридон Брусина (1896) го истражува значењето на ендемските риби во Охридското Езеро. Од 1900 до 1920 г. се зголемува бројот на публикуваните флористички и фаунистички трудови.

Вториот период опфаќа отворање центри во Македонија. Согледувајќи ја здравствената состојба на населението со 21% морталитет (кај децата 54%), се формира Антималарична комисија (1921) составена од странски и од домашни експерти. По иницијатива на А. штампар се формираат пет бактериолошки станици, се воспоставува антималарична профилакса и слезински индекс. Бактериолошката станица во Скопје прераснува во Завод за тропски болести (1925), со своја зграда, донација на Рокфелер. Испитувањата се насочени кон сузбивање на заразните болести, опфаќајќи и дел од социјалната хигиена. Набргу се формира и Зоолошкиот музеј (1926), кој прераснува во Природонаучен музеј на Македонија, како институција во која се одвива организирана колекционерска, научно-истражувачка и издавачка дејност. Голем број растенија и животни го добиле своето име според локалитетот каде што се најдени. Втемелувач на музејот е д-р Станко Караман, кој уште во 1923 г. ги изучува водите на езерата, реките, блатата и оризиштата, истражувајќи ги причините за маларијата. Открива 5 вида комарци (Анопхелес), од кои два се дотогаш непознати, и предлага мерки за нивно сузбивање со внесување на рипчето гамбузија во блатата и оризиштата. Во 1935 г. е формирана Хидробиолошката станица во Охрид со цел да се организираат систематски истражувања на живиот свет во Охридското Езеро и производство на рипчиња од икра за порибување на езерото со охридска пастрмка. Иницијатива за организирање дава д-р Синиша Станковиќ.

Третиот период – започнува со отворањето на Филозофскиот факултет (1946). Биолошкиот институт е еден од институтите на Природно–математичкиот оддел. Се формираат неопходните вежбални, училници за настава по биологија. Таа се изведува од проф. Борис Китанов (ботаника), проф. Петар Икономов (зоологија) и проф. Лав Лозински (анимална физиологија). Дефицитарните дисциплини се пополнети со реномирани визитинг професори од југословенските универзитети: д-р С. Станковиќ, д-р М. Радовановиќ, д-р Ст. Јаковлевиќ, д-р Р. Главиниќ, д-р Иван Ѓаја, д-р Ст. Ѓилинео, д-р Б. Миловановиќ од Белградскиот универзитет. Д-р Иво Хорват, д-р Ст. Хорватиќ, д-р Вале Воук, д-р Давор Миличиќ, д-р Ванда Коханска–Девиде, д-р Звонко Девиде, д-р Ст. шолјан и д-р Р. Вернер од Загрепското свеучилиште, а д-р Мирослав Зеи од Љубљанскиот универзитет. Со доаѓањето на д-р Роко Вуковиќ (1949) и д-р Миховил Грачанин (1955), биолошката настава се проширува со цитологија, физиологија и со екологија на растенијата. Првите асистенти, избрани меѓу најдобрите студенти завршени во 1951 г., се: Кирил Мицевски, Љубица Арсова, Ристо Бузалков, Александар Димовски, Радмила Војдановска, Ристо Коцарев, Љупчо Групче, кои по докторирањето се избрани за доценти. Создадени се услови за научноистражувачка работа, печатени се бројни научни трудови, монографии, учества на когреси и симпозиуми.
Во 1978 г. во организација на Македонското биолошко друштво се одржаⅤконгрес на биолозите на Југославија (1988), а во организација на Македонското еколошко друштво се одржа Ⅳ конгрес на еколозите на Југославија. Во 1998
г. е одржан и Првиот конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество. Одбранети се над 70 докторски дисертации, отпечатени се над 1.200 научни тру-дови, 7 монографии, 5 универзитетски учебници. По 2000 г. се образуваат кадри по молекуларна биологија, енцимологија, трансфер на гени, интервентно оплодување, бестелесно оплодување, а со воведувањето на електронската микроспкопија е овозможен продор во субмикроскопската градба на клетките, како и на многу структури на ниво на молекули и гени. Рад. Гр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.