БИОДИВЕРЗИТЕТ

БИОДИВЕРЗИТЕТ – биолошка разновидност – разновидност на сите организми на глобал-но ниво, вклучително и генетскаПреживување и во сурови услови: диви зајачиња во шумскиот резерват „Јасен” та разновидност. Во поширока смисла, со овој поим се отсликуваат односите меѓу гените, видовите и екосистемите. Видовите ја заземаат централната позиција во концептот за биолошката разновидност, бидејќи гените се составен дел на видовите, а видовите се компоненти на екосистемите. Биодиверзитетот го вклучува во себе целокупното природно биолошко богатство што го опкружува човекот и од кое зависи неговата благосостојба и иднината. Основни карактеристики на биолошката разновидност во Република Македонија се богатството и хетерогеноста на видовите и екосистемите. Тоа е резултат на специфичната географска положба, како и на промените што се одвивале во изминатите геолошки периоди, особено при крајот на терциерот, глацијалниот и постглацијалниот период. Сето тоа оставило трајни белези врз денешната флора, фунгија и фауна, што се потврдува со присуството на голем број реликтни и ендемични видови. Биолошката разновидност во Македонија вклучува повеќе од 18.000 таксони од флората, фунгијата и фауната, од кои повеќе од 900 таксони се македонски ендемити. Големото разнообразие на екосистемите, во чии рамки се регистрирани повеќе од 260 растителни заедници, се исто така потврда за високиот биодиверзитет на нашата земја. ЛИТ.: С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003; К. Ј. Гастон–Р. Давид, Хотспотс ацросс Еуропе, „Биодиверситѕ Леттерс”, 2, 1994, 108–116; Ј. Реед, Б. Крѕстуфек, Њ. Еастњоод, Тхе Пхѕсицал Геограпхѕ оф тхе Балканс анд Номенцлатуре оф плаце намес, во: Балкан Биодиверситѕ: Паттерн анд Процесс ин тхе Еуропеан Хотспот, Дор-дрецхт/Бостон/Лондон, 2004; И. Р. Савиц, С. Петковски, М. Б. П. Цурциц, П. К. Берон, О. Поповска, Тхе Фаунал Диверситѕ ин тхе Балкан Пенинсула, во: Абстрацт Боок, Сецонд Интернатионал Цонгресс он тхе Биодиверситѕ, Ецологѕ анд Цонсерватион оф тхе Балкан Фауна, Охрид, Септембер 1998. Св. П. – В. Сид.