БИЛЈАРКИ

БИЛЈАРКИ – учеснички во изведувањето на обредот на берење на билките. Обредот е поврзан со пролетните празници, но најмногу со Ѓурѓовден. Билките (кукурек, леска, дрен, здравец, вратика, сил и др.) се берат вечерта спроти празникот или утрото пред изгрејсонце на самиот ден. Се верува дека поседуваат магиска моќ и дека можат човекот, животните, но и објектите да ги заштитат од болести, пожари, громови и други несреќи. За таа цел со билките се крми стоката и се запотнуваат објектите. ЛИТ.: Марко Китевски, Златна чаша, Скопје, 1983; Наум Целакоски, Дебарца, обреди и обредни игри, Скопје, 1984; Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988; Марко Китевски, Македонска народна лирика, (Обредни песни), Скопје, 1997. М. Кит.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.