БИЛАЛ, Салаетин

БИЛАЛ, Салаетин (19. Ⅲ 1942) – актер. Од 1964 г. е член на Турската драма на Театарот на народностите. Настапувал на сцената на Албанската драма и во други театри, како и во независни проекти и на филм. УЛО.: Слугата („Слуга на двајца господари”); Хасан-ага („Хасанагиница”); Омер („Омер и Мерима”); Симон („Аргатот Симон”); Хлестаков („Ревизор”); Дон Жуан; Тимон Атињанин во истоимените дела; Истреф Вери („Косанчиќев венец”) и др. Настапувал во филмовите: „Најдолгиот пат”; „Време, води”; „Џипси меџик”; „Прашина” и др. Р. Ст. Кирил (Киро) Билбиловски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.