БИБИЈА

БИБИЈА (Свето писмо) – македонски превод. Браќата св. Кирил и Методиј ја превеле библијата во IX век на дијалектниот говор на македонските Словени од околината на Солун. Македонски преводи на библиските текстови биле работени и во ⅩⅠⅩ век на народен говор со кирилско или со грчко писмо. Тоа се: Четиријазичникот на Данаил од Москополе, Кониковското евангелие, Кулакиското евангелие, Бобошчанското евангелие и др. Библијата на современ македонски литературен јазик ја превел Архиепископот Гаврил (световно име Ѓорѓи Милошев), а редактори на библискиот текст биле професорите-теолози: Методи Гогов, Трајан Митревски и Борис Бошкоски. ИЗД.: Евангелие од богослужбен карактер, 1952; Апостол, прво издание, 1957 и второ, 2002; Новиот завет, прво комплетно издание, 1967; Новиот завет, Синодска редакција, 1976; Библија, прво целосно издание на на современ македонски литературен јазик, 1990 (седум изданија); Новиот завет, ревидирано издание, 2006. ЛИТ.: Ѓорѓи Поп-Атанасов, Ракописни текстови на македонски народен говор, Мисла, Скопје, 1985; Ацо Александар Гиревски, Македонскиот превод на Библијата, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“– Скопје, Скопје, 2003. А. Г. Првата универзитетска библиотека во Република Македонија во Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.