БЕЌАР, Димо

БЕЌАР, Димо (Прилеп, 3. Ⅴ 1910 – Скопје, 1983) – редовен професор на шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа економика и за предметот економика на шумско-стопанските организации. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Белград (1933). Бил на служба во Дирекцијата за шуми во Босна и Херцеговина, каде што извршувал разни должности во повеќе градови (1934–1941). За време на Втората светска војна бил апсен повеќепати, успеал да избега, да се префрли во Македонија и да се приклучи во НОБ, во Ⅶ Македонска ударна бригада. По војната работи во Министерството за земјоделство и шумарство, каде што е назначен за помошник-министер (1946). Бил назначуван на разни републички и сојузни раководни функции во шумарството (1948–1961). Избран за редовен професор на Земјоделскошумарскиот факултет во Скопје (1961). Автор е на поголем број трудови и проекти. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.