БЕЈАС ТЕПЕ

БЕЈАС ТЕПЕ – средновисока планина (1.348 м) што се наоѓа во Беровско-делчевскиот ров. Претставува типичен хорст кој ги издвојува Малеш и Пијанец или Беровска и Делчевска Котлина. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци, гранитоиди и плиоцени седименти кои се доста еродобилни. Тоа овозможило развој на рецентната ерозија на почвата. Т. Анд. Јахја Кемал Бејатли БЕЈАТЛИ, Јахја Кемал (Ѕахѕа Кемал Беѕатли) (Скопје, 1884 – Истанбул, 1958). Во Истанбул студирал политички науки. Девет години живеел во Париз. Професор во разни средни училишта. Бил пратеник на Големото народно собрание и амбасадор на Р. Турција во Варшава, Мадрис и Карачи. Тој е меѓу најпознатите турски поети. Создава нова поезија помеѓу класично-диванската и западноевропската. Во Париз ги прифаќа духот и стилот, па дури и формата на повеќе значајни поети од Запад. Се обидува да пишува на современиот турски јазик, но сепак останува приврзаник на османскотурскиот јазик и на диванската литература. Пишувал за убавините на Истанбул и за Босфорот. Автор е на насловите: Нашето небо, Рубаи, Со ветерот на старата поезија. ЛИТ.: Ф. Каја, Современа турска поезија, Ск., 1985, 19; Н. С. Банарл›, Ресимли Турк Едебиѕат›, šстанбул, 1976; А. Кабакл›, Турк Едебиѕат›, šстанбул, 1967. А. Аго

2019-01-05T19:38:48+00:00 0 коментари