/БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович

БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович

БЕРНШТЕЈН, Самуил Борисович (Бернштејн, Самуил Борисович) (Баргузин, Ист. Сибир, 3. Ⅰ 1911 – Москва, 6. Ⅹ 1997) – руски лингвист, етнолог, славист, бугарист и македонист. Долгогодишен раководител на Катедрата за словенска филологија на Московскиот универзитет „Ломоносов” и на Одделот за славистика и балканистика на АН СССР. Автор на ок. 400 научни трудови, вклучително и 18 книги. Член на МАНУ надвор од работниот состав (1969). Еден од првите слависти што (во првото издание на Големата советска енциклопедија, 1938) го одбележа постоењето на македонскиот јазик како посебен член на словенското јазично семејство. Во Одескиот архив (1934) има најдено дел од коректурите од необјавеното сп. „Вардар” на К. П. Мисирков. Објави две статии за тоа списание. ЛИТ.: Р. Усикова, Акад. Самуил Борисович Бернштејн (1911–1997), МЈ, ЏЛВИИИ–Л, Скопје, 2000, 405–7. З. Т.

2019-01-05T19:38:50+01:00 0 коментари