БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС

БЕРЛИНСКИ КОНГРЕС (13. Ⅵ – 13. Ⅶ 1878) – конгрес на шесте европски големи сили: Русија, Германија, Австро-Унгарија, Велика Британија, Франција и Италија, од една, и Османлиската Држава од друга страна за ревидирање на територијалните решенија содржани во прелиминарниот Санстефански мировен договор (3. Ⅲ 1878), еднострано наметнат од Русија по победата во Војната (1877/1878). Со Договорот потпишан на 13. Ⅶ бил анулиран прелиминарниот Санстефански договор и утврден нов поредок на Балканот според кој Македонија во нејзините природни и етнички граници се задржувала во составот на Османлиската Држава. Владата во Цариград била задолжена (чл. 23) да воведе уредување утврдено со Ста-тут, по примерот на Статутот за островот Крит приспособен на месните потреби. Требало да се воведе одделна управа на провинцијата со генерален гувернер и со Управен совет на општата управа, финансиска управа и судска власт, Берлинскиот конгрес (1878) со соодветна застапеност на населението (муслимани и христијани) во сите органи. ЛИТ.: Александар Христов – Јован Донев, Македонија во меѓународните договори 1875–1919, Скопје, 1994; Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, 1, Скопје, 1981. М. Мин. Самуил Борисович Бернштејн

2019-01-05T19:38:50+00:00 0 коментари