БЕРГЕР, Јосип

БЕРГЕР, Јосип (Нови Сад, 1929) – клинички психолог, универзитетски професор во Белград и во Скопје. Ги завршил студиите по психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1955) и работел на Невропсихијатриската клиника на Медицинскиот факултет во Белград. Редовен професор на Филозофскиот факултет во Белград (1991). Во периодот 1978–2003 бил ангажиран и во наставата на додипломските и постдипломските студии на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје (Клиничка психологија). Ја развил клиничката психологија како предмет на психолошката наука и ги поставил основите за практичната работа на клиничките психолози. Објавил над 200 стручни и научни трудови. БИБ.: Психодијагностика, 1979; Роршахова техника процене личности: теорија и практична примена, 1979; Трећи родитељ – нови правци групне терапије, 1980. ЛИТ.: 80–година Института за психијатрију Клиничког центра Србије у Београду, 1923–2003, Београд, 2003. В. Арн. БЕРДАНКА – пушка од почетокот на втората половина на ⅩⅠⅩ век, опеана во македонските народни песни. Така е именувана според американскиот генерал и конструктор на оружје Хајрем Бердан (Хирам Бердан) (?‡1893). Таа е со усовршен затворач со преклопување нанапред и со чепно вртење и тогаш била користена во вооружувањето на европските армии. ЛИТ.: Панчо Михаилов, Б„лгарски народни песни от Македони®, Софи®, 1924, 259; Збирка на македонски народн и песни. Редактирал; Блаже Конески. Скопје, 1945, 330; Битола, бабам Битола. Народни песни во кои се споменува Битола. Собрал, предговор и речник напишал проф. Филип Каваев. Битола, 1959, 90. С. Мл.

2019-01-05T19:38:50+00:00 0 коментари